Брус Вилис продал имот вреден 65 милиони долари поради здравјето

ИЗВОРНов Лист
|

На познатиот актер Брус Вилис му било дијагностицирано пореметување на меморијата, афазија, поради што се пензионирал и целосно се повлекол, а како што тврдат неговите пријатели, тој целосно го продал својот имот.

Холивуд и целиот свет се изненадени од ова сознание, а во јавноста постојано се појавуваат нови детали.

Според пријателите на актерот, тој веќе се подготвувал за влошување на состојбата, па го продал имотот вреден 65 милиони долари.

– Брус долго време се подготвуваше за овој момент. Знаеше дека неговото здравје ќе се влоши и дека ќе дојде момент кога неговата заработка нема да биде толку голема како порано. Знаеше и дека нема да му требаат многу имоти и станови и дека наместо тоа ќе мора да живее во безбедна семејна средина – изјавил извор и додал:

– Со оглед на тоа што во последните неколку години го продаде најголемиот дел од имотот, очигледно е дека со години се подготвува дека ќе мора да си го поедностави животот.

Во 2018 година, актерот продаде луксузен пентхаус лоциран веднаш до Централ Парк во Њујорк, по цена од 17,7 милиони долари. Потоа, во 2019 година, Вилис и неговата сопруга го продале својот имот во Вестчестер за 7,66 милиони долари. После тоа, тој го продаде имотот на островите Туркс и Каикос за 27 милиони долари.

Актерот потоа ги објасни наводните причини за продажба на имотот.

„Единствената причина поради која се откажуваме е затоа што сме толку далеку од нашето семејство во Калифорнија, поради што решивме да се вратиме на западниот брег и да започнеме дом таму“, рече Вилис, кој подоцна даде 9,8 милиони долари за нова вила во Калифорнија.