Брус Вилис за прв пат е виден во јавноста по веста дека е болен (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Тој бил фотографиран со пријател во ресторан во Брентвуд, Калифорнија. Потсетуваме дека неговото семејство пред шест недели излезе со соопштение:

Сакаме да ве информираме дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми.Неодамна му беше дијагностицирана афазија која влијае на неговите когнитивни способности.Ќе направи пауза од кариерата која многу му значеше.Ова е тежок период за нашето семејство и ја цениме љубовта, сочувството и поддршката што ни ги давате“.

Поддршка му дадоа голем број колеги од светот на актерството, а меѓу нив се Џон Траволта, Метју Пери, Лиам Нисон и други.

Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис неодамна им се заблагодари на сите кои се со нив во овие тешки моменти.

„Емпатијата, сочувството и разбирањето се нешто што не опкружува во последно време. Ви благодариме што постојано ја испраќате вашата љубов, молитви и совети и го споделувате сопственото искуство со таа болест. Се уште ништо не е изгубено“, напиша таа.