Брутално претепување на тинејџер ја шокира Грција (ВИДЕО)

|

Грчките медиуми објавија видео од брутално претепување на 16-годишно момче во атинското предградие Неа Филаделфија.

Го претепале пет малолетници, го удирале со клоци по главата и со тупаници, изјавиле родителите на момчето.

„Мојата глава!“ Неколку секунди подоцна малолетници со неверојатна жестокост го претепале на сред улица, а потоа го шутнале, пренесува Прототема.

По нападот, тинејџерот бил пренесен во болница на прегледи, а попладнето бил пуштен дома.

Родителите на тинејџерот го опишале кошмарот што го доживеало нивното дете.

„Го фрлија на земја, сите скокаа по него, го клоцаа по главата“, велат родителите.

Во меѓувреме, полицијата ги уапсила петмината насилници, меѓу кои двајца 16-годишни тинејџери, двајца 17-годишници и еден 19-годишник.

Родителите на жртвата бараат примерна казна за обвинетите.

„Му пукна тапанчето, има модринки, отечени јаболчници“, додале тие.

Тепачката наводно ја предизвикала девојка која разговарала со нападнатиот тинејџер.