Брз, сочен, превкусен – домашен сладолед од праски

ИЗВОРСкопје24
|

Сезоната на сочни праски е тука, па да го искористиме секој ден уживајќи во оваа превкусна овошка. Од неа направете сладолед на брз начин, а во вкусот сами ќе се уверите.

Намирници: 3 зрели праски, 2 лажици сок од лимон, 1 филџан шеќер, 2 филџана кисела павлака.

Подготовка: Излупете ги праските и од нив отстранете ги семките. Измерите 400 грама „месо“ од праските и исечете ги на коцки. Праските и сокот од лимон измешајте ги заедно во блендер се додека не добиете компактна смеса. Додадете го шеќерот и киселата павлака, па повторно се заедно измешајте.

Смесата претурете ја во плиток сад, покријте ја и замрзнете ја.

ИДЕАЛНА ЗА ТРОПСКИТЕ ДЕНОВИ:Сладолед торта со малини – РЕЦЕПТ

Оваа торта е идеален летен десерт, а што е најдобро, брза е и лесна за подготовка! Кремаста текстура, освежувачки вкус, сѐ што ви е потребно за летните денови.

Состојки:

1 кг крем шлаг
1 л кисела вода
2 чаши кисела павлака


600 г мелен кекс
600 г малини
Подготовка:

Крем шлагот изматете го со кисела вода, па додадете две кисели павлаки и матете додека не се соединат. Шлагот поделете го на три дела. Во првиот дел измешајте го мелениот кекс, а потоа распоредете го како кора на дното од калапот.

Во другиот дел измешајте ги малините. Може да користите свежи или замрзнати. Филот со малини премачкајте го преку кората од кексите.

Во третиот дел не се додава ништо, само се премачкува преку филот од малини. По приготовката оставете ја тортата во фрижидер и почекајте неколку часа да се олади.