Брза, здрава и вкусна вечера: Кесадиљи со моцарела спремни за 15 минути

ИЗВОРНов Лист
|

Немате идеја што да се подготвите за вечера или појадок? Еве одлична идеја за вкусно јадење чија подготовка нема да ви одземе многу време!

Состојки: Две интегрални тортиљи, чаша чери домати, колу 35 грама моцарела, нокот босилек и две лажици балсамински оцет.

Подготовка: Истурете половина лажица маслиново масло во тава и загрејте го на средна топлина.

Ставете ги тортиљите рамно на работната површина, а потоа ставете ги исецканите чери домати, моцарелата и малку босилек на една половина од тортиљата. Преклопете ја на половина, а потоа ставете ја во тава и пржете околу две минути од двете страни.

Ако сакате да го подобрите вашиот оброк, можете да додадете пилешко месо или нешто слично. Изборот е ваш. Кога ќе бидат подготвени, пресечете ги тортиљите на парчиња во посакуваната големина и уживајте во вкусното јадење!