Направете вкусни солени мафини со компири.
СОСТОЈКИ: 500 гр. компири 2 жолчки 1 јајце 100 гр. моцарела 50 гр. путер сол и презла
ПОДГОТОВКА: Се лупи компирот и се вари половина час во солена вода, па се пасира. Се додава моцарела, 40 грама путер, сол и се меша.
Се додава едно јајце, па жолчките и се соединува. Се премачкува со останатиот маргарин калап за мафини и се става презла, па смесата. Се пече на 180 степени 40 минути.
Уживајте!