|
Богат доручек, едноставен меѓуоброк или мезе за дружење со пријателите.
СОСТОЈКИ: 1 пакување лиснато тесто, 1 пакување крем сирење, 1 главица кромид, магдонос, 100 гр сланина, 100 гр рендан кашкавал.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Прво исечкајте кромид, магдонос и сланина, а кашкавалот изрендајте го. Растегнете го лиснатото тесто, па премачкајте го со крем сирење и посипете го со подготвените состојки. Направете ролат, а потоа сечете го на кругови. Печете ги на 180 степени околу 20 минути, па од рерна извадете ги крцкавите и неодоливо вкусни полжавчиња.
Рецептот погледнете го ОВДЕ.