Бугарија ќе го чува небото над Македонија, ако САД и продаде авиони

ИЗВОРСкопје24
|

Бугарија, која е членка на НАТО, може да и помогне во заштитата на воздушниот простор на Северна Македонија, ако склучи договор за купување осум авиони Ф-16 од САД, рече премиерот Бојко Борисов.

Новинската агенција БГНЕС пренесува дека Бугарија, која е исто така членка и на ЕУ, се обидува да ги замени своите стари МиГ-29 и да ја подобри усогласеноста со стандардите на НАТО.

Американскиот Стејт департмент одобрил евентуалната продажба на осум авиони Ф-16 и слична опрема за Бугарија, по цена од 1,67 милијарди долари. Сепак, Бугарија очекува САД да понудат на продажба авиони по намалена цена од 1,2 милијарди долари.

-Разговаравме со мојот колега Зоран Заев минатата недела, да го чуваме воздушниот простор на Северна Македонија кога ќе ги добиеме новите авиони. Ова ќе биде добро и за нив и за нас, изјави Борисов.

Официјалниот американски предлог за продажба на борбени авиони F-16 во Бугарија се очекува да пристигне во рок од една недела, објави вчера бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов. Очекуваниот договор за F-16 Блок 70 на Локхид Мартин ќе биде најголемата воена набавка на државата на Црното Море од крајот на комунистичката власт во 1989 година.

Извор: fokus.mk