Бугарските плажи атрактивни дестинации за сезонска работа за македонците

ИЗВОРСкопје24
|

Сакате да имате вистинско незаборавно летно искуство?

Не постои подобар начин да го поминете летниот период на една од главните туристички дестинации на море во Бугарија. Последните неколку години бугарските туристички центри стануваат атрактивни за работа на голем број македонци. Близината, менталитетот, ниските трошоци, немањето на јазична бариера се едни од главните услови кои што привлекуваат голем број на млади луѓе од Македонија да заминат и да работат на некој од бугарските туристички места.

Од досегашното искуство на оние што досега имаат работено во Бугарија, е дека за оние со работно искуство само летната сезона заработуваат колку да што можат да заработат во Македонија за цела година.

Најплатени се куварите за кој платите се движат од 700 до 1400 евра,во зависност од позицијата и искуството. Салатерите и помошник куварите земаат помалку, доколку искусните готвачи, пица мајсторите и скараџиите земаат поголема плата. Бугарските угостители посебно ги бараат македонскте специјалисти за печење на скара и пица мајсторите за кој платата се движи помеѓу 800 и 1200 евра. Додека келнерите и шанкерите се платени најчесто на процент на дневен промет, но кога се земе во предвид големиот бакшиж и високиот промет, искусните работници заработуваат од 1000 до 2000 евра на месец чисти, со тоа што сместувањето и храната се обезбедени од страна на работодавецот.

Се наоѓа работа и за мотивирани луѓе кои немаат работно искуство. За нив платите се движат околу 450-550 евра на месец , но кога се земе во предвид дека најчесто работата е на плажа и немаат никакви дополнителни трошоци, самата понуда стнува доста атрактивна. Работни позиции кои најчесто се бараат се: кувари, помошници во кујна, келнери, шанкери, спасувачи на плажа и базент, рецепционисти, собарки и др.

„Слободно можам да кажам дека Бугарија станува многу интересна дестинација за сезонска работа за македонците. Преку нашата агенција од Македонија досега имаат заминато неколку стотини работници во Бугарија, најмногу но море, но и на зимските туристички места како што е Банско. Тоа што Македонија нема силно развиен туризам и големата невработеност на млади лица до 35 години ја отвара можноста за работа во соседните земји како што се Бугарија, Грција и Хрватска. Работата на плажа е интересна и забавна, а и добро се заработува“, вели Марин Демировски основач на агенцијата „Номад Партнерс “ од Софија која што има најголемо искуство со вработувањето на македонски кадри во Бугарија.

Илија Милачов од Кавадари е пица мајстор со 5 годишно работно искуство. „Минатото лето преку „Номад Партнерс “ работев во ресторан во Несебар, во моментот сум ангажиран во најдобриот локал Ginger Bar & Grill во Банско. Првата сезона во Несебар и овде во Банско платата ми е околу 850 – 900 евра на месец, работам по 3 месеци, но веќе за следната летна сезона преку истата агенција имам склучено договор за работа на 5 месеци за плата од 1200 евра. Во Македонија како пица мајстор не земав ни една третина од сегашната пата. Со тоа што овде ми се чисти примањата, немам никакви дополнителни трошоци за храна и сместување, тие се обезбеени од работодателот“, вели Илија.

За оваа сезона агенцијата нуди работа на најатрактивните ноќни барови и ресторани на Сончев Брег како што се The Corner bar & Dinner, La Cubanita, Ginger Bar & Dinner, Hawaii, Euphoria, атрактивната плажа Vaya Beach кај Обзор, плажата Бутамјата во Синеморец, во локали на Несебар, Созопол, Лозанец, Китен и Приморско.

Обезбедено сместување и храна

Ако аплицирате за работа во Бугарија нема потреба да се грижите за сместување и храна. Работните позиции кои се нудат вклучуваат обезбедено сместување и храна за сите понудени работни места. За секој кандидат, агенцијата превзема одговорност за организирање на превоз до работното место.

Подготовка на документи и одобрување за работа

Нема потреба да се занимавате со бирократските процедури. Административниот тим ја презема одговорност за целокупната документација и кореспонденција со државните институции и работодавецот. Агенцијата обезбедува одобрување за сезонска работа со македонски пасош до 3 месеци е полесната процедура, но и за работа до 9 месеци, за што е потребно да се извади бугарска виза.

Сезонската работа преку агенцијата Номад Партнерс е легална со платени придонеси за пензиско осигурување. Агенцијата не наплаќа за услугата од кандидатите.

Вработување.мк