Бурак Озчивит романтично расположен: Денеска е значаен ден за турскиот актер (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Фахрије Евџен и Бурак Озчивит стапија во брак на 29 јуни 2017 година. Турските актери познати по улогите на Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“ и Бали-бег од „Величествениот“ го изговорија судбоносното „Да“ на церемонија во Истанбул.

На романтичната свадбена прослава присуствуваа бројни роднини и пријатели на славниот пар.

Денеска Бурак на својот профил на инстаграм објави фотографија од свадбата.

Инаку, актерот на појави на гласањето за локални избори во Турција и изненади со својот нов изглед.

Убавиот актер кој неодамна доби син е целосно непрепознатлив со долга коса и брада.

Актерот пред неколку недели за првпат покажа како ужива со својот син Каран.

Сопругот на убавата Фахрие Евџан одлично се снаоѓа во улогата на татко, а најновата фотографија ги воодушеви фановите на двојката.

Имено, на неа се гледа само раката на славниот Бали Бег, но и рачето на неговиот син во идентична положба. Во описот кратко напиша само „син“.

Малиот Каран исто така има свој профил на Инсатграм, а неговите родители се уште не објавиле ниедна фотографија иако се крена галама околу тоа што уште на тогаш нероденото бебе му отвотија профил на социјалната мрежа.