Бурниот период е зад него: Даниел Кајмакоски се „залепи“ на Милица Павловиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Даниел Кајмакоски пред некое време во јавноста обелодени дека ставил крај на својот брак со сопругата Кристина, со кого го има синот Давид.

По оваа етапа од неговиот живот, бурниот период зад него е минато, па максимално е посветен на музиката.

Имено, Кајмакоски по една долга пауза постојано настапува во регионот и ужива во својата професија.

Победникот на „Х фактор“ се врати на својата стара љубов и продолжува да ја гради кариерата.

Во последно време постојано e на пат во регионот каде настапува со својот бенд.

Така, деновиве Kaјмакоски настапуваше во Будва каде направи вистинска журка.

Кајмакоски на сцената не се најде сам, туку му се придружи и “сењорита“, Милица Павлововиќ која разиграно играше и тануваше околу Кајмакоски.

А кога Павловиќ ќе се разигра, не останува да не биде забележано со камера.

Но, не само што играа и танцуваа на сцената, пејачите во бекстејџ снимија и заедничко видео, па ја запејаа песната „Скопје –Београд“, која инаку Кајмакоски ја изведува со Жељко Јоксимовиќ.

Дали меѓу пејачите се крчка добро пријателство или можеби некој дует во иднина не знаеме, но сигурно направиле забава за паметење.

За потсетување, Милица неодамна ја поврзуваа со синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, но тие демантираа дека има меѓу нив љубовна романса и дека се заедно.

Видеото поглднете го ТУКА.

Извор: vistina.mk