Часовникот мора да стои во една од овие две простории, но никогаш на ова место

|

Правилата на фенг шуи за привлекување среќа и позитивна енергија во домот велат дека многу е важно на кое место во куќата ќе го поставите часовникот.

Часовникот претставува важен симбол и како таков, означува движење, акција и промена.

Прво и основно правило е да се постави часовникот во просторија што е прометна или во која има најголема активност.

Таква е дневната соба, каде што домашните најмногу комуницираат и каде што поминуваат најмногу време.

Исто така, добра опција е часовникот да се постави во работната соба или во канцеларија. Корисно е да имате часовник што ќе покажува колку време сте поминале во работа.

Постои место каде што никако не е добро да го чувате часовникот: во спалната соба. Таа соба служи исклучиво за одмор, како и за покренување на сек* уалната енергија, каде што времето е најмалку важно. Најдобро е часовникот да го поставите во дневната соба или во посебна просторија, каде што сите, па дури и гостите ќе можат да го видат.

Постојат уште некои места каде што е добро да се постави часовникот, според правилата на фенг шуи. Тоа се детската соба, како и собата на бебето за хранење. Најдобро е да користите часовници што не испуштаат звук, како што се дигиталните.

Кај поголеми деца, часовниците се користат за да не задоцнат на училиште, па добро е да поставите еден во нивната соба. Набавете некој часовник со убав дизајн. Часовниците што се украсени со слики од четирите годишни времиња или кои покажуваат сонце и месечина, ден и ноќ, се одлична комбинација за привлекување позитивна енергија кај децата.

Никогаш не ставајте часовник на овие места

Никогаш не ставајте го часовникот на ѕидот што гледа кон влезната врата. На истокот, според традицијата на фенг шуи, главниот елемент е дрво. Затоа, на ѕидовите никогаш не се ставаат часовници што се направени од метал, а најдобра замена се оние од дрво, камен или пластика.

Поради одредениот ритам што се слуша за време на работата на механичките часовници, немојте да ги чувате во спалната соба. Ритамот на срцето и на часовникот што го слушате е различен и предизвикува аритмична работа на срцето и нервоза кај домашните во таа соба.

Не чувајте расипани часовници или такви без батерии. Според обичаите на фенг шуи, расипаните часовници носат лоша и блокирана енергија во домот.