Новиte меркi влијаеја на откажувањето на новогодишните настапи на плоштадите во Црна Гора, каде требаше да настапат најголемите балкански ѕвезди Светлана Цеца Ражнатовиќ, Здравко Чолиќ и Дино Мерлин.
Како што пишува Телеграф, Цеца била во преговори за настап на плоштадот во тиватско Порто Монтенегро, Здравко Чолиќ имал договорен настап на плоштадот во Котор, додека Дино Мерлин договорил да се дружи со публиката на плоштадот во Бар.
На овие настапи се радуваа и црногорските хотелиери, бидејќи сметаа на голем број туристи кои поради овие ѕвезди ќе итаат на приморјето.
Но, новите мерки што ги најави министерката за здравство на Црна Гора Јелена Боровиниќ-Боровиќ, разочараа многумина.
Поради стравот од ширење на нобиот сој Министерството за здравство не одобри јавни собири на отворено, што покрај фановите ги разочара и ѕвездите.
– За жал, ништо од новогодишниот концерт. Мерките се такви што мислиме дека е дефинитивно – изјавил за Телеграф менаџерот на Чола, Драган Ѓука.