Цеца ги изненади сите со ставот за новиот зет Немања: Никој не очекуваше дека ќе му ги каже овие зборови(ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Дивата на музичката сцена неодамна го прослави својот 49 роденден! Овој пат немаше гламурозна прослава, туку својот прекрасен ден го помина со најблиските луѓе.

Секако, нејзината сакана Анастасија прва ѝ го честиташе роденденот. Но, потегот на новиот зет ги изненади сите!

Имено, Немања Гудељ на својот Инстаграм профил со емотикон на срце и испрати јавна честитка на Цеца! Се чини дека пејачката досега не се зближила со ниту еден зет, нели?

На фотографијата Гудељ со подеднаква љубов ја прегрна својата и мајката на Анастасија, па на тој начин покажа целосна почит кон најважната личност во животот на Анастасија и дополнително го освои нејзиното срце.

Цеца очигледно е воодушевена од новиот избор на ќерка си, а не крие дека еден негов потег ја доведе до солзи.

Во пресрет на роденденот на Анастасија, тој ненадејно дојде од Шпанија, да ја изненади! Тој во друштво на мајка си, брат и сестра веднаш замина од аеродромот во вилата на Ражнатовиќ, каде сите и честитаа на пејачката и на тој начин и го подготвија еден од најубавите подароци.

И на изненадувањата им немаше крај. По повод нејзиниот 24 роденден и го платил патувањето на Ибица.

– Немања направи неверојатен гест и ми предизвика солзи во очите. Јас сум многу среќна.

Очигледно на Светлана Ражнатовиќ за рекордно време и стана омилен зетот Немања.