Цеца Ражнатовиќ е родена на 14 јуни 1973 година во с. Житоража каде деновиве беше на посета па ја покажа и родната куќа преку објава на видеоклип на социјалните мрежи.
Цеца не сака многу да открива од својот приватен живот, но често знае да објавува видеа од прекраснот поглед во некоја од своите вили, а таков беше и случајов кога сподели со своите обожаватели дел од своето минато.
Таа отсекогаш со гордост зборувала за своето родно село Житораџе, а сега на Инстаграм сподели и фотографии и снимки од семенјата куќа во која пораснала.
Евидентно е дека родителската куќа е реновирана, па така не можеме да знаеме како изгледала кога во неа живеела популарната пејачка, но секако дека изгледа прекрасно и раскошно.
Видеото погледнете го на следниот ЛИНК.
Инаку, Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, неодамна се иселила од семејниот дом каде живееше со својата мајка, братот Вељко и снаата Богдана. Сега таа живее сама во луксузен стан во Белград, а новите соседи за српските медиуми откриле каква сосетка е Анастасија.
Како не сме ја виделе, често доаѓа кај нас. Анастасија е девојка на место. Купува сè, од сувомеснати производи до помфрит. Остава бакшиш. Баш е воспитана девојка, рекла продавачката во една од продавниците каде штонеретко пазари ќерката на Цеца.
Нормална личност, за разлика од овие, да кажам модерни девојки кои не и се ни до колена. Доаѓа без шминка, уште поубава е таква. Девојка за пример, додала таа.