Цеца треба да надомести 109.000 на Карлеуша – Во екот на проблемите со сопругот Душко Тошиќ, Јелена приложи докази

ИЗВОРНов Лист
|

Не стивнува бурата на јавната сцена предизвикана од настаните во семејната куќа Карлеуша-Тошиќ, а популарната пејачка не престанува да се пресметува со медиумите тврдејќи дека напишаните текстови се лажни, а нивната содржина го напаѓа нејзиното семејство.

Но, и овојпат Јелена не ја исклучи од ситуацијата својата вечна ривалка Светлана Ражнатовиќ. Карлеуша се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде презентираше докази дека тужбата на Цеца против неа е одбиена, а фолк дивата е должна да и ги надомести судските трошоци во износ од 109.500 динари.

-Уште една победа, напиша Карлеуша под сликите.