Марија Шерифовиќ искрено проговори за односот со Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ и откри со која е поблиска.
Имено, откако Јелена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, Цеца Ражнатовиќ од септември е нов член во жирито. Марија досега не сакаше да открие со која е поблиска, Јеца или Цеца.
На прашањето која е нејзина „шолја чај“, Марија одговори:
-Се работи за две потполно различни личности. Можеби Јелена ми е поблиска во смисла на времето кое го поминавме заедно, глупостите кои ги правевме. Цеца е потполно различна жена, смирена, има свој начин на функционирање, свој хумор.
-Потполно е нормално и публиката така да реагира на промената, на некој му е супер, на некој не. Што се однесува до мене, неблагодарно е да коментирам, сега сум во жирито со Цеца, уште колку години ќе биде – не знам, не сакам да навлегувам во конфликти бидејќи не чувствувам таква потреба, вели Марија и додава:
-Цеца е новиот член на жирито, гледаноста доволно покажува, така да тоа е еден фер и рационален одговор, изјави Шерифовиќ.