Цеца: Моите родители никогаш не ми простија што немам диплома

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Светлана Цеца Ражантовиќ откри дека родителите никогаш не и простиле што не се запишала и не завршила факултет.

Бев одличен ученик и планирав да студирам психологија, но животот ме однесе на другата страна“, изјавила Цеца.

Како што вели, не им бил доволен сиот нејзин успех.

“Верувале или не, целиот мој успех и огромна кариера никогаш не им биле доволни на моите родители. Тие не ми простија што не го продолжив образованието и дипломирав на факултет”, рекла таа.

Нејзината мајка Мира била учителка, а нејзиниот татко Слободан бил економист, кој, како што повеќе пати кажала пејачката, и бил најголема поддршка.