Цеца реши да им подари уникатна колевка на Вељко и Богдана.
Како што пренесуваат српските медиуми, во прашање е креветче за бебиња направено според посебни мерки и посебен дизајн во кој учествувала и самата пејачка.
Цеца заедно со дизајнерот ја нацртала скицата, а за нејзина изработка потребни се неколку месеци. Ќе се прави во странство, а на конструкцијата ќе има и златна плочка на која ќе биде напишано името Жељко.
Ваквите колевка чинат и по неколку илјади евра, а ќе се прави рачно во светски позната модна куќа, пишува Блиц.
Инаку, Вељко и Богдана синот треба да го добијат во април, а веќе најавија дека ќе се вика Жељко по неговиот татко.
Бидејќи ова и е прв внук на Цеца, таа реши да не штеди пари и креветчето што го порача е нешто што го обожаваат и светските ѕвезди.
Таа не прашува за цената, туку само барала конструкцијата и плочката на која ќе биде изгравирано името на новиот член во семејството да биде во позлата, а душекот и покривката од природни материјали.