Цеца откри што се случува пред секоја емисија од „Ѕвездите на Гранд“

|

Цеца Ражнатовиќ шест месеци е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а сега откри што се случува пред секој емисија на музичкото шоу.

– Гледачите немаат прилика да видат сè бидејќи зад саботната емисија има многу работа со кандидатите во студиото каде што работиме со нив. Мене многу ми помага Ивана Петерс. Што се однесува до емисиите, се трудам да бидам реална во коментарите, кандидатите да не си заминат бесни и тажни.

Пред сè бидејќи се на почетокот на кариерата и не е поентата да бидат несреќни кога ќе им се покажат грешките, туку да ги корегираат.

Што е најлесно, а што е најтешко во работата со кандидатите?

– Понекогаш најтешко е да се одбере вистинската песна, а некогаш недостатокот на времето. Сакам да се посветам на кандидатите и да го дадам својот максимум.

Што е потребно некој да биде ѕвезда?

– Има многу фактори. Сведоци сме дека во последните години на нашите простори не се појави ниту една голема ѕвезда. За да бидете ѕвезда мора да се поклопат многу работи, да биде одличен пејач, изгледот, харизмата, ставот и многу други работи. Секако, потребно е да се вложи многу труд за да некој биде ѕвезда. Бог ќе ви даде талент, на вас е дали ќе го развиете или не.

Кога вашата ќерка Анастасија би се појавила на сцената како кандидат што ќе ја пофалите, а што ќе и забележите?

– Мислам дека ќе бидам строга, како и во студио кога ги снима песните.

Тогаш од неа барам да го извлече својот максимум.