-Цеца никако не сакала да гледа нејзиното момче да биде во близина на друга девојка, па поради тоа пејачката и манекенот се скарале – вели изворот близок до Александар Јововиќ.
Кога Цеца Ражнатовиќ слушнала дека нејзиното 16 години помладо момче Александар Јововиќ, планира да се појави во видеото на Каја Остојиќ, со кого треба да снима неколку сцени, избувнала голема караница помеѓу неа и моделот, и на крајот, Ражнатовиќ му забранила да снима со Каја!
Иако сѐ било договорено,Јововиќ ден пред снимањето го откажал учеството во спотот на Каја во песната во „Заседа“ како што пренесува „Курир“ при што се случила жестока расправа помеѓу Александар и Цеца.
Како што се раскажувало, Ражнатовиќ беше лута и хистерично викала на момчето, бидејќи не сакала да гледа како снима спот со друга девојка, особено кога ќе се земе предвид дека пред пет години, Јововиќ и Каја снимале заедно за домашно списание се шпекулирало дека они двајца биле во врска. На крајот Цеца му забранила на моделот да се појави во спотот на Каја а он ја послушал.
– Сите биле шокирани кога Александар одбил да учествува во видеото.Тоа не личело на него, но немал избор бидејќи влегол во кавга со Цеца. Таа не сакаше да го има во видеото на колешката, со кој бил близок и за кого било речено дека бил во врска со неа. Кога видел дека нема каде, Александар, заради мир во куќата, го информирал директорот Дејан Миличевиќ да не сметале на него – вели изворот близок до Јовиќ.