Светлана Цеца Ражнатовиќ ја отвори душата, со изјава дадена на белградскиот аеродром, каде зборуваше за нејзиниот настап во Луцерн, како и за проблемот со кој се соочува естрадата.
Имено, како што е познато, светската криза влијаеше на тоа бројни настапи на пејачите да се одлоат или воопшто да не се одржат.
“Луцерн е многу порелаксиран. Тие мора да носат маски во затворени простории, а на улица не носат, шетаат слободно. Цирих е нешто поразлично, таму се поригорозни, веројатно затоа што имаа пораст на бројот на позитивни. Во секој случај, ми беше доволно само да се појавам на сцена и конечно да ја почувствувам таа енергија. Навистина многу ни недостасува”, изјави Цеца .
“Естрадата навистина е во неволја. Ние не зборуваме за мене сега, Лукас, Брена … а зошто да не зборуваме и за нас? Нашите трошоци се големи, нашите приходи се нула, и замислете ги овие луѓе кои работат за многу, многу помалку пари. Мислам дека не е фер. Тоа е нешто што медиумите малку го потиснаа – естрадата се жали – кука. Па, се жали, се разбира, затоа што и ние имаме семејства и ние сме живи суштества кои треба да преживеат”.
Цеца наведува дека на нејзиниот лет имало патници.
“Лукас и јас бевме сами од фелата, но имаше патници. И таму и овде. Луѓето функционираат, животот мора да продолжи. Ова може да потрае Господ знае колку долго, но ние треба да живееме и да преживееме” – изјави таа.