Медиумите јавуваат дека Албанската агенција за аудиовизуелни медиуми (АМА), го предупреди албанскиот јавен радиотелевизиски сервис РТШ поради емитување песни од српската пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца.
До забраната дојде по жалбите откако во програма наменета за малцинствата бил емитуван спот од оваа мега популарна пејачка. Ваквата одлука е поради тоа, како што се наведува во забраната дека “Цеца во неколку обиди имала антиалбански изјави против Косово“.
Во соопштението на албанската агенција, Ражнатовиќ е опишана како „проблематична пејачка“, која со своите постари песни и изјави ги инспирирала делата на својот сопруг Жељко Ражњатовиќ – Аркан.
Инаку, Цеца деновиве ужива во Грција. Неа не ја исплаши невремето, па таа го избра местото Калива на Халкидики.
Како таму си поминува и во што влегла во море, е тема на која фановите не престануваат да пишуваат.
Имено пејачката објави видеа и фотографии на Инстаграм на кои им испраќа бакнежи на своите фанови.