Цеца Ражнатовиќ проговори за својот емотивен статус: „Не паѓа ми на памет повторно да се мажам“

ИЗВОРСкопје24
|

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ неодамна имаше настап во Црна Гора каде што многубројни фанови пристигнаа да ја слушаат.

Присутните коментирале дека Цеца изгледа подобро од кога и да било, а на прашањето дали за тоа е задолжен некој маж и дали повторно ќе се мажи, Ражнатовиќ вели:

„Не планирам да се мажам, не планирам тоа да го правам повторно. Тој документ не е пресуден за емотивна исполнетост“ вели Цеца.

На прашањето со која песна би го опишала својот емотивен статус, Ражнатовиќ вели:

„Моите песни се премногу тажни така да не може да го опишам мојот емотивен статус бидејќи имам причини да сум среќна. Кога човек е здрав и кога луѓето околу него се среќни, мора да бидете среќен. Јас секогаш сум среќна и исполнета, не мора да има партнер, има и други работи кои ви предизвикуваат насмевки на лице“ вели пејачката.

Ражнатовиќ наскоро ќе добие снаа, односно нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ ја запроси девојката.