Цеца за некој месец ќе стане баба,но не сака да спреми соба за својот внук – има многу силна причина

|

Оваа година ќе биде најсреќна за српската пејачка Цеца. Имено на почетокот на месец јуни Светлана ќе стане баба на своето прво внуче.

Многумина шпекулираат дали Цеца започнала да ја подготвува собата за наследникот, курир.рс дознава дека наследникот ќе живее во собата со родителите. Според зборовите на добро известен извор, Богдана и Вељко не сакаат да се разделат од синот, а ова нивна идеја ја почитува и Ражнатовиќ.

„Цеца многу ја почитува традицијата, религијата ги почитува сите обичаи. Новите трендови и се допаѓаат, ги следи, но повеќе ги почитува правилата по кои аа ги одгледа децата. Едно од нив е, собата за бебето да се уреди по неговото раѓање. Така ќе биде и сега, потребните работи за бебето ќе бидат обезбедени кога ќе се породи Богдана. Цеца и нејзината снаа од првиот ден имаат одличен однос и се договараат. Кога бебето ќе порасне, тогаш ќе добие соба. Дотогаш, Жељко ќе спие во креветче во собата на своите родители“ вели добро известен извор.

По тој повод се огласи и Цеца:

„Се во свое време. Најважно е се да помине како што треба“ кратко порача пејачката.