Цел дом ќе блесне – Со намирница од 20 денари исчистете ги тоалетот и кујната

|

Алкохолниот оцет може да го искористите за целата кујна и тоалет да блескаат.

Со него може да ги одзатнете затнатите цевки и одвод, да ја исчистите микробрановата печка, да ги светнете чашите, и да ги снема дамките и каменецот од тушот.

Оцетот ќе ви реши голема мака.

Лесни трикови за чистење со кои рерната ќе сјае
Чистењето на рерната е една од најздодевните, но и најнапорните домаќински работи во домот. Сигурни сме дека кога би можеле, би го избегнале „рибањето“ кое одзема многу време и енергија.

Но, некој мора и тоа да го прави, па сакале или не, оваа обврска е неизбежна. За среќа, постојат лесни трикови за чистење со кои за кратко време и со малку труд, рерната ќе ви сјае.

Чистење со сода бикарбона
Сода бикарбоната е број 1 природно средство за чистење, па логично е дека со неа ја почнуваме листата на трикови. Во еден сад измешајте сода бикарбона, оцет и вода додека да добиете паста. Нанесете ја смесата на најзамастените делови од рерната.

Она што ќе ви остане од смесата ставете го во внатрешниот дел на рерната, вклучете ја на 100 степени 45 минути. Потоа, дамките ќе можете лесно да ги исчистите само со сунѓерче.