Последниве неколку дена се зборува за настан кој се случил во еден клуб во Дубровник.
Сметката од 50.000 евра требало да ја плати богат Саудиец кој цело време пиел и ги честел сите во клубот.
Потсетуваме дека наводно група на богаташи сакале да си поминат убаво во ноќниот клуб, но не и да ја плати сметката од која ги заболело глава.
Една жена се пожалила на сметката и повикала полиција, но кога полицијата пристигнала сметката веќе била платена.
„Што се однесува на цените, ако ги споредите цените на наведените пијалоци во другите ресторани и клубови, може да видите дека цените се реални“ рекол сопственикот.
„Нашите гости доаѓаат за да се забавуваат и како и секоја друга личност свесни се за цените кои им се во секој момент достапни“ рекол сопственикот.
Најскап артикл на сметката бил шампањ „Родер кристал розе“ вреден 17.000 евра, потоа “Arman de Brinjak” вредно 16.000 евра.