Срцепарателна фотографија од малата Обри (5), која го трие грбот на братот Бакет (4), кој боледува од леукемија, додека повраќа после химотерапија – стана вирална и ги соочи луѓето со суровата вистина за оваа тешка болест.
„Она што никој не го кажува за канцерот кај децата е дека тоа го погодува цело семејство“, напишала на Фејсбук покрај оваа фотографија Кејтлин Берг, мајка од Принстон во американската сојузна држава Тексас.
„Постојано слушаш за финансиски и медицински проблеми, но никој не ти зборува за маката низ која поминуваат семејствата на ваквите деца. Можеби некому е тешко да го гледа и чита ова. Моите две деца, помеѓу кои разликата е само 15 месеци, наместо да си играат заедно во градинка или дома, тие заедно седат во ладна болничка соба“, ја споделила својата тага мајката.
„Ќерка ми (тогаш имаше 4 години), гледаше како брат ѝ го носат на Одделението за итна помош. Гледаше како десетина лекари му ставаа маска на лицето, го боцкаат со игли, му ставаат лекови во телото и сè тоа додека тој беспомошно лежи. Не знаеше што се случува. Само знаеше дека нешто не е во ред со нејзиниот брат, нејзиниот најдобар пријател“, се наведува во објавата.
„Еден месец откако го пуштија од болница гледаше како се мачи да стои на нозе. Веселиот, енергичен и позитивен брат наеднаш стана молчеливо, болно и секогаш поспано момче. Не сакаше повеќе да си игра. Не ѝ беше јасно како тоа тој сега не може да стои“, напишала Кејтлин и додала дека најважно е болното дете да не се одвојува од здравото, туку да живеат колку што е можно понормално во новите околности.
Бекет и Обри на самиот почеток од борбата со леукемија
„Кога не му е добро, таа му прави друштво во купатило. Го поддржува и се грижи за него кога повраќа за време на паузата од играњето. Го носи во купатило. Стои покрај него и му го трие грбот. А тој откако се разболе ослабна 4 килограми. Таков е канцерот кај децата. Зема или остава“, заклучила очајната мајка.