Лупењето портокали за многумина изгледа како комплицирана работа – лупење на кората , па раздвојување на неговите парчиња.
Меѓутоа, тоа може навистина да биде наједноставната работа на светот.
На Јутјуб може да се најдат неколку трикови како на едноставен начин да излупите портокал, а откако ќе ги погледнете никогаш повеќе нема да се вратите на стариот, покомплициран начин на лупење портокали.
Сè што треба да направите е со помош на сечило да ги отстраните краевите на портокалот и потоа на една страна да го засечете до пола, до неговата средина. Потоа само со прстите развлечете ја кората на портокалот и ќе добиете совршени парчиња.
Друг начин е со но**т да го засечете портокалот во должина на неговиот дијаметар и потоа да земете лажица (или некој сличен предмет) и да го вовлечете под кората правејќи кружни движења. Потоа ќе може да ја отстраните кората од портокалот.