Како што знаеме, вообичаено е пред да ги пржите јајцата во тавата да ставите малку масло за јадење или пак путер.
Меѓутоа, за јајцата да бидат подготвени совршено нема да ви биде поребно ниту едното ниту другото.
Ви откриваме дека јајцата на око можете да ги правите на целосно поразличен начин со кој нивниот вкус ќе биде незаменлив.
Пред сè, во тавата потребно е да ставите густа павлака за готвење. Тоа што е уште поинтересно е тоа што јајцата треба да почнете да ги правите во целосно ладна тава.
Како што тавата ќе почне да се загрева постепено така состојките на павлаката ќе почнат да се раздвојуваа и ќе ѝ помогнат на белката полека да се испржи, а да не изгори.
Јајцата со павлака за готвење се целосно поразлични и повкусни. Испробајте ги уште денес.