Целосно ишаран со спреј автомобилот на Перо Антиќ

|

Секој родител за своите деца би направил (речиси) сè само за тие да бидат среќни и задоволни, а возвратената детска насмевка, прегратка и бекнеж, не можат да бидат заменети со ништо на светот.

Актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија, Перо Антиќ, е среќен татко на тројца наследници или како што милува да ги нарече, свои принцови.

Но, овие принцови направиле нешто необично. На автомобилот на нивниот татко ги покажале своите ликовни способности и целата ја ишарале со спреј. Перо веројатно уште претходно им дозволил редизајн на неговиот автомобил, со оглед на тоа дека потоа на Инстаграм се пофали со фотографии од ремек делото.

https://www.instagram.com/p/B265vypHeAu/?utm_source=ig_embed

Автомобилот на Перо Антиќ чини 70.000 евра, а децата на средина на хаубата и вратите го испишале бројот „12“, кој нивниот татко го носеше на својот дрес.

Инаку, Перо Антиќ беше 13 години во брак и со поранешната сопруга ги доби трите синови, Лука, Павел и Петар.