Целосно изгаснат пожарот над кичевското село Тутин

ИЗВОРНов Лист
|

По секојдневните интеревенции на нивни вработени, пожарот е изгаснат и нема опасност од негово ширење и реактивирање, информираат од Шумското стопанство „Лопушник”.

-Пожарот кој пред три дена избувна во атарот на село Туин е целосно изгаснат, по интервенција на вработените задолжени за гасење на пожари од ШС „Лопушник” Кичево. Со гаснењето на пожарот спречено е негово натамошно ширење што можеше да предизвика и опожарување на селските куќи или плевни. Во гаснењето на пожарот приодонес има и високата влага на листот и пролетната вегетација во текот на ноќта, изјави Анета Спасеноска, одговорна за пожари во Подружницата на ШС „Лопушник” Кичево.

Ако се остварат прогнозите на метеоролозите тогаш е извесно дека дожд ќе заврне и во кичевскиот регион, со што ќе се надмине и најмалата веројатност од реактивирање на овој пожар, вели Спасеноска.