Цената на нафтата повторно расте

|

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари над 116 долари, поттикнати од индикациите дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати не можат значително да го зголемат производството за да го надоместат намаленото снабдување од Рус ија.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна во однос на претходното затворање за 1,19 долари, на 116,28 долари. Вчера ја затвори трговијата на плус од 1,97 долари. На американскиот пазар со барел денеска се тргуваше по 96 центи поскап, по 110,53 долари. Вчера ја затвори трговијата на плус од 1,95 долари.

Курсна листа на НБРМ, во продолжение прочитајте и колку чини еврото денес…

Според средната курсна листа на НБРМ, еврото денеска изнесува 61.6950 денари, а американскиот долар чини 58.4178 денари. Британската фунта изнесува 71.4476 денари.