Цената на нафтата расте, од полноќ нови цени на горивата и кај нас

|

Цената на барел од нафтата брент е 122,12 долари.

Тоа е пораст од 0,42 отсто во однос на затворањето денеска во 09:22 часот.

Зголемувањето на цените е поради оштетувањето на терминал поради невремето во Црното Море и тековните лоши временски услови и целосното запирање на испораките на нафта од нафтоводот CPC (Caspian Pipeline Consortium), кој ја носи нафтата до терминалот. Ова е втор пат месецов цената да надмине 120 долари за барел. Прв пат тоа се случи на 7 март, а пикот беше достигнат следниот ден кога цената се приближи до 128 долари.

Предусловите се исполнети, РКЕ ќе има нова одлука за цената на нафтените деривати која ќе биде на сила од 0:01, соопштија претставници на Регулаторната Комисија за енергетика.

Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата за секој нафтен дериват одделно и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.