|
Цената на пченката денеска повторно скокна на европскиот пазар во контекст на блокираните украински пристаништа и се уште затвореното Азовско Море.
Напладне на берзата Еуронекст, тон пченка за испорака во март поскапе за 31,75 евра на 321 евро, а јунските договори додадоа 15,75 евра на 284 евра.
И пченицата поскапе, но не толку нагло, бидејќи мартовските договори додадоа 21,25 евра на цената од 311,25 евра за тон.
Мапата што го прикажува движењето на товарните превозници, објавена од Inter-Courtage, утринава покажа дека Азовското Море е се уште забрането и дека украинските пристаништа се де факто блокирани. (МИА)