Цената на зејтинот нема да се качува, ќе остане иста до пролет

ИЗВОРНов Лист
|

Цената нема да се менува најмалку до следната пролет, велат од велешка Маслодајна, единствен производител на маслото од сончоглед во земјава.

„До пролет цената на маслото за јадење нема да се качува и граѓаните треба да бидат спокојни, нема потреба да прават залихи. Има доволно и сончоглед и масло. За разлика од другите цени на основните прехранбени производи, не се очекува тоа да се покачува“, кажа директорот на Маслодајна Горанчо Лазов.

„Без оглед што Владата го забрани извозот на сончогледот, нашата откупна цена е највисока во регионот, така што и да имаше дозвола, не верувам дека земјоделците ќе го продаваат во странство“, вели Лазов.