Цените на нафтата паднаа денеска на меѓународните пазари под 94 долари бидејќи инвеститорите стравуваат од побарувачка во услови на заострени епид емиолошки мерки во Кина, висока инфлација и зголемени каматни стапки.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,95 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 93,69 долари. Речиси за исто толку падна и на американскиот пазар каде барелот се тргуваше за 87,57 долари.
Трговците нервозно го следат ширењето на болеста во Кина.
Строгите епиде миолошки мерки во втората по големина светска економија, како и притисокот на трошоците ја намалија активноста во азиската индустрија во август, засенувајќи ги шансите за закрепнување на регионот од последиците од панде мијата, според истражувањето објавено во четвртокот.
Технолошкиот центар Шенжен во јужна Кина ги заостри мерките поради континуираното ширење на инфе кцијата, забранувајќи ги големите собири и забавата во затворен простор во областа Баоан на три дена.
Кинеската политика на нулта толеранција за ко вид ја кочи економијата, што значи и послаба побарувачка за енергетски производи.
Пазарите се загрижени и поради рекордната инфлација и најавата за агресивно зголемување на клучните каматни стапки во САД и во еврозоната со цел да се запре растот на цените.