Цените на нафтата се стабилизираа во четвртокот на меѓународните пазари над нивото од 101 долар за барел, имајќи предвид дека тесното снабдување ги надмина стравувањата од падот на активностите во светската економија кој би ѝ наштетил на побарувачката.
На лондонскиот пазар со барелот околу пладнето се тргуваше по 61 цент повисока цена отколку на затворањето на вчерашниот трговски ден, од 101,30 долари. Вчера го заклучи тргувањето во минус од 2,08 долари.
На американскиот пазар, пак, барелот денеска поскапи 65 центи, на 99,18 долари. Во средата го затвори тргувањето во минус од 97 центи.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во четвртокот не ја објави цената на барелот на нејзината референтна кошница нафта на своите членки. Во вторникот барелот чинеше 114,30 долари.
Трговците и во средата ги мачеше стравот кој во вторникот ги спушти цените на нафтата за повеќе од 10 долари, имајќи предвид дека падот на активностите би значел и послаба побарувачка на енергенсите. Во четвртокот, пак, тргувањето го одбележа нервозата која се гледаше во осцилациите на цените во распонот од минус два до плус еден долар.
„Имајќи предвид дека Русија ќе ги намалува испораките на нафта како што ќе се ближи крајот на годината и дека ќе ѝ недостасуваат делови од Западот за одржување на нафтоносните полиња, како и дека остатокот на OPEC е безнадежно млак во одржувањето на производствените капацитети, стравувам дека можеме и натаму да очекуваме цени од 100 долари за барел“, вели за Reuters Џефри Хали од OANDA.
Трговците проучуваат дали Каспискиот нафтоводен конзорциум (CPC) ќе ги запре пораките откако руски суд му одреди 30-дневно суспендирање на активностите поради загадување на природната средина. Во средата CPC и натаму испорачуваше нафта која изнесува околу еден отсто од глобалната понуда.
САД, пак, навести дека снабдувањето би можело да остане ограничено и во следниот период, имајќи предвид дека во средата ги заостри санкциите за Иран, зајакнувајќи го притисокот на Техеран во преговорите за заживување на договорот со шесте светски сили за иранската нук леарна програма од 2015 година од кој се повлече Вашингтон во 2018 година.
„Стравот од рецесија и натаму јакнее и тоа, секако, ги отвора прашањата за изгледите за побарувачката. Меѓутоа, основните показатели и натаму ги поддржуваат цените, што значи дека просторот за натамошен пад на цените е релативно ограничен“, заклучува Ворен Патерсон од ING.