Цените на нафтата денеска се искачија над 108 долари на меѓународните пазари, откако разговорите во ЕУ за забрана на увозот на руска нафта и прекините во снабдувањето од Либија ја засенија загриженоста за економскиот раст и побарувачката за енергенси.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,58 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 108,38 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 1,64 долари повисоко, по 103,83 долари.
Цените речиси стагнираа вчера, бидејќи трговците беа загрижени поради Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој во вторникот ја намали прогнозата за светскиот економски раст оваа година за речиси цел процентен поен на 3,6 отсто поради случувањата на истокот. Послабиот економски раст значи и помала побарувачка за енергенси.
Денеска на пазарот преовладуваше загриженоста за снабдувањето, во време на разговори во ЕУ за забрана на увоз на ру ска нафта. Трговците се претпазливи за рус ките барели поради проблемите со транспортот и плаќањето, откако Западот воведе санкции кон Рус ија.
Либија, пак, оваа недела објави дека нејзиното производство е намалено за повеќе од 550.000 барели нафта дневно поради блокадите на големи полиња и извозните терминали.