Цените на нафтата значително паѓаат

|

Цените на нафтата денеска значително паднаа по наглото поскапување минатата недела.

Трговците се загрижени за заклучувањето во Шангај, што може да доведе до пад на побарувачката за нафта во Кина, најголемиот увозник на нафта во светот.

На лондонскиот пазар утрово цената на барелот падна за 2,6 отсто, на 117,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 2,9 отсто, на 110,55 долари, пренесе Хина