Центарот на Софија блокиран од полицијата поради убиство на контроверзен бизнисмен

|

Центарот на Софија е целосно блокиран по убиството на контроверзниоит бугарски бизнисмен Алексеј Петров. На клучните булевари во градот има вооружени полициски екипи, јавија софиските медиуми.

Сите влезови и излези на главниот град на Бугарија се блокирани и со полициски автомобили.

Петров денеска беше застрелан во главниот град околу 12 часот и 20 минути. Тој бил придружуван од жена која е хоспитализирана и е во тешка здравствена состојба.
Според поициски извори, во момент на фаталната стрелба кон него, со Петров имало три лица од негово лично обебзедување.

Алексеј Илиев Петров според софиски медиуми, бил контроверзен бизнисмен, политичар, експерт за корпоративна безбедност и антитероризам. Роден е на 23 април 1962 година. Работел 8 години во безбедносните сили и во антитерористичките сили до почетокот на 1990-те. На 15 август 2002 година, против него беше извршен неуспешен обид за атентат.

Во 2009 година од тогашниот министер за внатрешни работи Румен Петков беше прогласен за долгогодишен таен соработник на контраразузнавањето, а подоцна и на државната Агенција за национална безбедност.

На 10 февруари 2010 година е приведен и обвинет дека е водач на криминална група која се занимавала со рекет и изнуда. Во февруари 2014 година, специјализираниот суд одлучи да ја прекине истрагата за таканаречениот „Голем октопод“.

Четири години по операцијата, обвинителството не успеа да ги собере потребните докази за да биде покренато обвинение и случајот да оди на суд.

На 29 октомври 2015 година, против него беше извршен уште еден неуспешен напад со гранати. Алексеј Петров на 13 ноември годинава објави награда од 100.000 долари за информација кој стои зад нападот врз него.

Бил селектор на бугарската карате репрезентација.

На 7 јули 2011 година, неговата кандидатура за претседател беше предложена од група граѓански здруженија и од Иницијативниот комитет „За единство и тим“. Ова е прва кандидатура за претседателските избори.

На 7 септември 2011 година, Алексеј Петров и неговиот тим повикаа на мораториум на активностите на политичките партии.