Четири грешки што сите ги прават кога го разладуваат домот со климатизер

|

Многу луѓе користат климатизери во текот на летото за да ги разладат своите домови, но прават грешки, кои подоцна може да се одразат на нивното здравје или на сметката за струја.

Меѓутоа, клучно е правилно да се употребуваат овие апарати за да се искористи нивниот целосен потенцијал, а истовремено да се избегнат високите сметки за електрична енергија.

Експертите предупредуваат на вообичаени грешки кои можат да ги зголемат трошоците и да ја намалат ефикасноста на клима апаратите.

Еве неколку совети како да се разладите без овие несакани последици, пишува „Бестлајф“ (Bestlife).

Редовно проверувајте ги филтрите на климатизерот
Важно е редовно да ги проверувате филтрите на клима апаратот за да ги одржувате чисти. Чистиот филтер овозможува проток на поголема количина воздух во климатизерот, додека валканиот филтер може да го ограничи протокот на воздух и да доведе до влез на некондициониран воздух.

Нечистиот воздух има повисока температура и влажност, што го отежнува ладењето и ја зголемува потрошувачката на енергија. Затоа, се препорачува редовно чистење или замена на филтерот.

Не поставувајте ја температурата премногу ниска
Иако е примамливо да се спушти температурата на најниската можна вредност во текот на летните горештини, тоа не е потребно и може да ја зголеми потрошувачката на енергија.

Експертите препорачуваат да го поставите термостатот на пријатна температура што ви одговара, за да го намалите оптоварувањето на клима апаратот и трошоците за енергија.

Избегнувајте често подесување на термостатот
Честото подесување на термостатот ја попречува стабилноста на температурата во просторијата. Ако често ги менувате поставките, клима апаратот почесто ќе се вклучува и исклучува, што ја намалува неговата ефикасност.

Се препорачува да го поставите термостатот на саканата температура и да го оставите на истата поставка подолг период за да се одржува константна температура.

Чувајте ги вратите и прозорците затворени додека разладувате
Држењето на вратите и прозорците затворени додека работи климатизерот е важно за да се спречи влегување на надворешната топлина. Отворањето на вратите и прозорците му дозволува на топлиот воздух да влезе и да го отежни ладењето на просторот.

Затоа, пожелно е вратите и прозорците да се држат затворени додека работи клима апаратот за да се постигне максимална ефикасност на ладењето.