Овие знаци не даваат лесно втора шанса. Иако многумина мислат дека е потешко да се опрости отколку да се биде злопамтило, тоа сепак во пракса не е така.
Луѓето родени во овие знаци непрестајно се оптеретени со злоделата со кои другите ги повредиле, па од ден на ден им се расипува расположението и им се уништува довербата во луѓето. Овие четири хороскопски знаци се најголеми злопамтила.
Рак
Раковите се големи емотивци. Затоа, кога еднаш ќе ги повредите, не очекувајте прошка или заборав. Ним извадавањето толку ги боли што едноставно не можат самите на себе да си дозволат повторно да ризикуваат и уште еднаш да останат повредени.
Шкорпија
Шкорпиите се луѓе кои страствено сакаат, страствено работат, но и страствено мразат. Ако некој ги повреди или издаде, тие таа личност едноставно ја бришат од животот и неверојатно добро се однесуваат како да не постои.
Јарец
Јарците се исклучително предадени и посветени личности кои и покрај тоа што ги сокриваат своите чувства, тие се многу емотивни. Кога некој ќе им направи нешто неубаво, тие едноставно се повлекуваат без конфликт и ѝ ја затвораат вратата на таа личност, поради стравот дека истата работа може да се повтори.
Овен
Овните се исклучително горди луѓе на кои им е “под чест“ да им дадат втора прилика на оние кои ги повредиле. Тие не сакаат на сите да им покажуваат колку се ранливи и емоционални, па ако еднаш ги издадете, не очекувајте лесно смирување, бидејќи тие никогаш нема да го заборават она што сте го направиле.