Во пожарот што утрово изби во објектите на „Македонија табак“ и „Пофикс“ лоцирани на излезот од Тетово има четворица повредени, од кои три лица се со асфиксија односно гушење, а за едно лице се предпоставува дека има скршеница на коленото, но нивната состојба е стабилна, информира Порталб.мк.
Општина Тетово во соработка со Секторот за образование одлучи денеска и утре да го прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот што денеска избувна во магацин во градот.
Надлежните органи оценија дека квалитетот на воздухот во Тетово е доста влошен и за да го зачуваме здравјето на учениците ја донесовме оваа одлука. Ова го потенцираат од Општина Тетово во писменото соопштение испратено по електронски пат до медиумите.
Надлежните оттаму упатија и важен апел до граѓаните да останат во своите домови,
„Апелираме и до граѓаните да не излегуваат непотребно од своите домови додека не се подобри состојбата со квалитетот на воздухот.Граѓаните и студентите кои ќе излегуваат надвор за лични потреби, треба задолжително да носат заштитни маски по можност Н95“, стои во соопштението на Општината.
Во домовите да се чуваат затворени прозорците и вратите. Во 12 часот на лице место пристигна и армијата со еден хаммер и со 13 вој ници, а на терен исто така се и 80 војн ици од касарната Тетово со опрема и машини за гаснење на пожарот.
На лице место е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. На пожарот се интервенира и од воздух со Хеликоптер на МВР, а од страна на TAV Maкедонија пуштена е цистерна со Пена.
Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, како и екипи со ПП возила за хемиско гаснење од ТАВ Македонија и лица од ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар.