Четири лица се на операција, едно е во животна опасност – Се прави претрес во станот на 14 годишникот кој пукаше

|

Нови ужасни детали пристигнуваат од Србија, по денешното пукање во основно училиште при што 14 годишник смртно застрела 9 лица. При првото јавување во итната помош било кажано дека се повредени 20 лица.

„Кога дојдовме на терен затекнавме осум повредени, чуварот беше мртов. На Итната помош се примени четири деца кои се во операциона сала, едно лице е во животна опасност. Цела Итна помош плаче, се тресеме “, изјавија за „Блиц“ од Итната помош.

„Во Тиршова се сместени уште три деца, едно дете е во критична состојба, во операциона сала, има тешки повреди на главата и неговиот живот е во опасност. Останатите двајца се на интензивна нега и имаат прострелни рани, претежно во екстремитетите“, велат за Блиц во Тиршова.

Министерството за внатрешни работи на Србија ги повика родителите, кои сè уште не контактирале со своите деца, да се пријават во просториите на Полициската станица Врачар.

Во тек е претрес во станот на Коста К.(14), ученик во седмо одделение осомничен дека утрово убил најмалку девет лица, дознава Нова.рс.

Драган Влаховиќ, училишен чувар, беше првата жртва на Коста К.(14) кој утрово уби девет лица во масовното пукање во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Во основното училиште каде што се пукало, како што објави Нова.рс, пронајден е ранец во кој имало оружје, муниција и молотови коктели, односно шишиња со запалива течност. Во овој момент не се знае со сигурност дали тој ранец на училиште го донел Коста К.(14), ученикот кој беше уапсен за пукањето.

Според Нова.рс, Коста К.(14) најпрвин го застрелал чуварот кој се обидел да му го земе оружјето и да го запре.

Како што дознаваме, Коста, со оружје во рака велгол во училиштето. Чуварот го видел тоа и тргнал да го спречи, кога ученикот пукал во него. Тој прво пукал во три лица во училишниот ходник, а потоа влетал на час по историја и почнал да пука. Од два шаржери биле испукани најмалку 15 куршуми.