Четири најнаивни хороскопски знаци – лесно им веруваат на луѓето

|

Водолија


На врвот на листата е Водолијата, која по природа не сака да се занимава со негативни работи кај другите луѓе и која сака да ги гледа другите малку и низ „розови очила“. Лесно е да ја измамите, бидејќи ќе верува речиси во сè што ќе ѝ кажете. Водолијата нема ниту волја ниту желба да провери дали ја кажувате вистината. Поради тоа е лесна за искористување и емотивно повредување.

Шкорпија


Кој би рекол дека меѓу овие знаци е и Шкорпијата, која изгледа како во секој момент да ќе ве наполни со својот отров доколку ја допрете или ѝ кажете нешто погрешно? Овој знак е изненадувачки лош во психолошките игри. Лесно е да го измамите бидејќи и покрај тоа што воопшто не им верува на луѓето, оние на кои им верува ќе ја направат Шкорпијата „најголема будала“. Ова ги тера да се каат за своите одлуки и дополнително да ја доведуваат во прашање довербата кај луѓето.

Рак


Овој експресивен емотивец се води со срцето, а умот секогаш е оставен настрана, поради што е „лесна мета“ за оние кои уживаат да ги повредуваат другите и да ја користат нивната наивност. Лесно се измамени од пријатели, но и од непријатели. Раковите се многу чувствителни и имаат отворено срце. На светот и на луѓето околу нив секогаш гледаат со доза на идеализација.

Стрелец


Припадниците на овој хороскопски знак се најлојалните партнери во љубовта и пријателството, па затоа многумина често ги земаат здраво за готово. На сите им даваат бесконечен број на шанси и тоа е една од главните причини зошто се чувствуваат измамени и изневерени.