Некои личности се помирни и побрзо забораваат, а други пак се непријатели кои не би сакале да ги имате ни на сон.
Рак
Иако Раковите имаат меко срце, сепак тие многу долго паметат и не би сакале да ги имате како свој непријател. Тие често го менуваат своето расположение, па ако ги навредите, ќе ја видите нивната најлоша и најтемна страна. Никој не може да биде побесен од Раковите особено ако сакате да ја искористите нивната добрина и големо срце за сопствена корист.
Овен
Овните се импулсивни и не сакате да им згрешите. Ако го направите тоа, тие ќе направат голем напор за да ви го направат животот мизерен и да ви покажат каде точно сте згрешиле. Најлоши се со навредите бидејќи кога ќе ги изнервирате, не ги избираат зборовите што ќе кажат.
Шкорпија
Родените во овој знак се најодмаздољубивите личности кои сте ги запознале. Тие нема да ви покажат дека ќе ви вратат, но мошне полека ќе ја сервираат својата одмазада.
Близнаци
Близнаците се дружељубиви личности кои сакаат да зборуваат и да се смират по конфликтите и кавгите, но не сакате да им згрешите. Ако тоа се случи, вие ќе станете нивниот главен фокус и постојано ќе слушате како сте ги повредиле.