Четворица бугарски патници се во авионот исчезнат над Солунска Глава

ИЗВОРСкопје24
|

Мал воздухоплов од типот Цесна П210Н кој летал од Охридскиот аеродром за Софија попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот е изгубен западно од Слунска Глава. Два полициски хеликоптери се во потрага на изгубената Цесна, потврди за МИА директорот и претседател на УО М-НАВ, Николче Тасески.

Според Управата за цивилна воздушна пловидба во малиот авион имало четворица патници, сите бугарски државјани.

-Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за Софија, рече Тасески.

Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции.