Четврток музички спектакл “James Bond”, петок Божиќен орекстар и хор, концерт на Дарио, сабота Викторија Лоба, се ова во Скопје Сити Мол!

|

Како што веќе Скопје е запознаено со празничниот базар во Скопје Сити Мол, денес ви ја претставуваме програмата за следните денови. Новогодишниот базар ги привлекува посетителите веќе со недели, и тоа се заради интересни содржини и весела празнична атмосфера. Базарот работи секој работен ден од 17:00 часот, додека за време на викендите од 12:00 часот со детска програма.

Skopje City Mall со задоволство ги најави музичките изведби отврени за јавност за оваа недела.

Тоа се: Среда – Брејк Даун Бенд со Пеце Суперхикс 20:00 часот. Четврток – Камерен Oрекстар Битола “James Bond” 20:00 часот – Солисти: Наде Талевска, Ирена Димовска, Ана Христова. Петок – Божиќен орекстар и хор 19:00 часот и концерт на Дарио 20:00 часот. Сабота – Викторија Лоба 20:00 часот. Недела – Џанкјард бенд 18:00 часот.

Во склоп на празниците е еден нов проект кој е интересен за јавноста, а тоа е празничниот настан кој ќе се одржи во петок од 19:00 часот. Станува збор за божиќен орекстар под палката на Андреј Наунов проследен со хор проект на продукција “Триангл”. Солисти, Полина Тасева, Елена Петреска и Јане Дунимаглоски. Концертите ќе се одржат на надворешниот Новогодишен базар во Скопје Сити Мол.

До сега ги видовме Тамара Тодевска, Нокаут, Дац и Александар, Саут Парк, Гоце САФ, Pancho Shorty и многу други, а следат уште повеќе Дарио, Викторија Лоба, Aлександра јанева и настапи на оркестри.

“Скопје мириса на цимет и варено вино… Дојдете во Skopje City Mall и почувствувајте ја вистинската празнична магија. Желбите се остваруваат ако силно посакаш и ако не се плашиш да сонуваш. Дојдете на новогодишниот базар и заедно да посакаме посреќна нова, пред најубавата елка во Скопје” велат од Скопје Сити Мол.

Секој ден различна музичка бајка. Волшебство во градот – Дојди, посакај, сонувај

Во продолжение музичката програма за оваа недела на. Новогодишен базар во Skopje City Mall: