Чекате гости? Ставете го ова во собата и куќата ќе ви мириса прекрасно

ИЗВОРНов Лист
|

При првото влегување во домот гостите треба да ја почувствуваат свежата миризба во домот. Свежата миризвба во домот ќе им годи како на домашните, така и на гостите. Причината за неубавиот мирис можеби е вентилацијата, готвењето ручек или пак сосема нешто друго. Може да користите освежувачи, но тоа сепак не е најздрава варијанта.

Во продолжение ќе ви откриеме еден генијален трик, како во својот дом да уживате во пријатниот мирис, и тоа за малку пари.

Се што ви е потребно е тегла, чекан, шрафцигер и вилушка, сода бикарбона и етерично масло по избор.

Начин на подготовка: На поклопот од теглата направете неколку дупчиња. Теглата наполнете ја со сода бикарбона и капнете етерично масло. Природниот освежувач е готов за минута. Уживајте во свежиот мирис!